Надворешна Столарија

Дознајте повеќе за производите кои ги нуди Конструктор ДООЕЛ

1

ПВЦ Столарија

2

Алу Столарија

3

Ролетни и Комарници

4

Структурални Фасади

5

Стакло и Стаклопакети

ПВЦ Столарија

Дознајте што може да ви понудиме од нашиот широк каталог на ПВЦ столарија

Саламандер ПВЦ Прозорци и Врати

Brügmann bluEvolution: 73

Brügmann bluEvolution: 73 е со конструктивна длабочина 73мм (пет комори со 2 гуми) и Uw до 0,80 W/(m2К) a звучна изолација 46db. Потрошувачката на енергија е намалена благодарение на дизајнот на профилот и дихтунзите со што се избегнати топлинските мостови и постигната е одлична термо и звучна изолација. Застаклувањето може да биде со трослоен термопакет

Се изработува во:

- Сите прозорски варијанти и отворања

- Сите типови на балконски врати

- VW шибери

- Влезни врати

Streamline

Salamander систем Streamline (2DSL-пет комори со две гуми) бела боја RAL 9010 или во палета на бои и дизајни, појачан со поцинкуван челик со дебелина 1,5мм, со коефициент на топлопроводливост на профилот Uf=1.3 W/м2к на крилото и штокот и 46 db звучна заштита. Дихтувањето на овој систем е решено со 2 гуми. Дизајнот на овој профил се карактеризира со по оштри линии. Нуди оптимална термо и звучна изолација за објекти кои што не се изложени екстремни надворешни влијанија.

Brügmann bluEvolution:82

Системот на иднината, Brügmann bluEvolution:82 е со конструктивна длабочина 82мм (шест комори со 2 гуми) и Uw до 0,77Њ/(м2К) и звучна изолација 46db. Ги комбинира одличната заштеда на енергија и врвното дихтување, во систем кој претставува идеално решение за пасивни куќи. Потрошувачката на енергија е намалена благодарение на иновативниот дизајн на профилот и дихтунзите. Застаклувањето може да биде со дебелина од 52мм.

Се изработува во:

- Сите прозорски варијанти и отворања

- Сите типови на балконски врати

- VW шибери

- Влезни врати

BlueEvolution 92

Salamander системот BluEvolution (шест комори со три гуми) е појачан со поцинкуван челик со дебелина 1,5мм а се карактеризира со конструктивна длабочина од 92мм. Претставува еден од првите профил системи од новата генерација кои ги следат највисоките стандарди во топлотна и звучна изолација. Се постигнува Uw до 0.71 W/(m2K). Звучната изолација изнесува 47db. Застаклувањето може да биде до максимална дебелина од 60мм

Се изработува во:

- Сите прозорски варијанти и отворања

- Сите типови на балконски врати

- VW шибери

- Влезни врати

Саламандер ПВЦ Клизачки Системи

Jetline и HST протали

HST или Lift and Slide шибер вратите ја даваат посакуваната пространост на просторот. Со само еден потег, се постигнува една целина на внатрешната просторија и надворешниот дел. На овој систем прагот не излегува над подот со што се избегнува визуелната бариера и можноста за сопнување при комуникација помеѓу надворешниот и внатрешниот дел. Конструктивната длабочина на профилот изнесува 172мм на рамката и 76мм на крилото, застаклувањето може да биде со дебелина до 48мм а термална изолација Ud до 0,77 W/(m2K)

JetLine шиберите се веќе афирмирани на пазарот, претсавуваат класични шибер врати но со подобрена заштита од продор на надворешните влијанија. Конструктивна длабочина на рамката изнесува 132мм а на крилото 60мм. Застаклувањето може да биде со дебелина do 32mm и се постигнува термоизолација Ud до 1,3 W/(m2K).

Volkswagen

Вратата или прозорецот може да се отворат со влечење и лизгање по шина, со удобно и лесно движење на крилата, која има совршена заптивка со гума. Со вртење на рачката за 90 степени, отвор, наречен се случува „паѓање на крилото“. Една од карактеристичните карактеристики на лизгачкиот тип Volkswagen е многу цврстата компресија на крилото до фондот, кој обезбедува најдобра топлинска и звучна изолација на сите видови лизгачки системи. Тоа овозможува производство на многу широки крила, чија максимална големина е 150 * 240 sm. Може да се користи за влезните врати, но може да се појави недостаток, бидејќи прагот на вратите е превисок. Кога ти завртете ја рачката нагоре и повлечете ја кон, крилото влегува во просторијата и се лизга на левата или десната страна. Фитинзите се од германско производство Roto. Тој е високо заштитен од кршење, бидејќи специфичните агли со се користат габични пупки против кражба. Друг голем плус е тоа што можете да користите многу големи тројно застаклените прозорци ширина до 48 mm, нешто што не е можно со други лизгачки системи.

Избор на бои

Golden Oak 51

Nussbaum 21

Mooreiche 25

Mahagoni 26

Vintage Oak 41

Polareiche 43

Woodec Alpine 92 Premium

Tiama 62 Premium

Woodec Oak 91 Premium

Nebraska 33 Premium

Ginger Oak 28

Streifen Douglasie 27

Woodec Concrete 93 Premium

Cheyenne 64 Premium

Vermont 60 Premium

Bergkiefer 50

Anthrazitgrau 70

Lichtgrau 73

Metbrush Alu 69 Premium

Achatgrau 72

White Ash

Grau 02

Signalgrau 87 Satin

Basaltgrau 74

Quarzgrau 78

Quarzgrau 90 Satin

Basaltgrau 84 Satin

Mentbrush Anth. 67 Premium

Alux DB 703 37 Premium

Schiefergrau Matt 34

Schiefergrau 12

Anthrazitgrau 88 Satin

Schwarzbraun 71

Jet Black Matt 18 Premium

Weiss Antik 39

Creme 59

Moosgrun 10

Dunkelgrun 03

Dunkelror 06

Weinrot 19

Brillantblau 14

Stahlblau 11

Алуминиумска Столарија

Алуминиумските системи изобилуваат со варијанти во однос на боја и облик, различни специјални решенија, механичка јакост и трајност. Профилите со вметнат термомост обезбедуваат зголемена перформансност на алиминиумските системи од аспект на топлинска и звучна изолација. Тие се најдобрата солуција за оние кои имаат високи очекувања од алуминиумските системи бидејки овозможуваат совршени естетски и технички солуции.

Alumil

M9660

Термално изолирано прозори и врати погодни за области со топла клима и идеални за замена, нуди големо ниво на заштита и функционалности

S67 Urban

Систем за прозори и врати со термичка изолација, комбинира висока топлинска изолација и перформанси со флексибилни производни карактеристики и одличен дизајн

M20000

Термоизолираниот систем за врати и прозорци, се нуди како економичен избор за објекти кои обезбедуваат многу добри перформанси и големо ниво на безбедност

M9050

Нетермички изолиран систем за лизгачки врати и прозори кој се одлукува со екстремно мала тежина, заоблен дизајн и евтини решенија

Profilco

PROFILCO - PR 43

Светлосен систем за свртување и вртење навалени прозорци, врати, прозорски дисплеи, внатрешни структури

Технички Карактеристики:

- Ширина на рамката: 40 – 69 mm

- Ширина на крилото: 43 mm

- Висина на ѕид: 1.3 – 1.5 mm

- Двојно стакло: 4 – 28 mm

PROFILCO - PR 55

Системот PR 55 има топлински мост направен од 16 mm полиамид и припаѓа на класата за пренос на топлина "2.2". Се користи за прозорци, врати, прозорски дисплеи итн.

Технички Карактеристики:

- Ширина на столбот: 50 mm

- Ширина на крилото: 47 – 55 mm

- Дебелина на ѕид: 1.5 mm

- Пакети од стакло: 15 – 39 mm

PROFILCO - PR 63

Системот PR 63 има топлинска изолација од 24 mm и припаѓа на класата за пренос на топлина "2.1". Се користи за прозорци, врати, прозорски дисплеи итн. Апсолутна заштита од студени и топли температури и од бучава. Создава идеални услови во внатрешноста на просторијата.

Технички Карактеристики:

- Ширина на рамката: 55 – 108 mm

- Ширина на крилото: 55 – 63 mm

- Дебелина на ѕид: 1.3 – 1.5 mm

- Пакети од стакло: 23 – 47 mm

Ролетни и Комарници

ПВЦ ролетните се најупотребувани во светот. Највеќе заради добриот сооднос на перформансите и цената. Овозможуваат добра заштита од надворешните влијанија. Спречуваат сончевите зраци да продираат во просторијата што е многу важно за заштитата на микроклимата во домот од надворешни непосакувани влијанија. Во истовреме го штитат прозорот од екстремни надворешни влијанија. Ги изработуваме во две варијанти, со надворешна и со внатрешна кутија. Во внатрешната кутија се додаваат елементи од стиропор како би се спречил пренос на ладен воздух внатре во просторијата. Користиме квалитетни составни делови, како би се осигурале дека нашите ПВЦ ролетни ќе бидат со долг век на траење и без проблеми во секојдневното користење

Алуминиумските ролетни се користат во поекстремни услови. Структурално се појаки, ребрата се исполнети со пур-пена која што не дозволува трансфер на топлината на внатрешниот дел и можат да се изведуваат на поголеми површини без да се предизвика замор на материјалот и негови деформации во текот на нивното користење. Алуминиумските ролетни исто како и ПВЦ ролетните се изработуваат во две варијанти, со надворешна и внатрешна (надпрозорска) кутија. Внатрешната кутија има додатна заштита од стиропор, а како додатна варијанта на нив може да се вгради и електро-мотор за придвижување на ролетната. Тогаш затворањето и отварањето на ролетната се контролира со тастер или далечинско управување. Алуминиумските ролетни пружаат поголема анти-вандал заштита, како и добра заштита од опожарување на прозорците од надворешната страна.

Надворешен алу-венецијанер

Надворешниот венецијанер представува одличен избор кога станува збор за висококвалитетно засенчување и модерно изразување. Се карактеризираат со:

- Врвна контрола на влезната светлина

- Одлична звучна заштита

- Можност за управување со ел. мотор со тастер и далечинско управување

- Долг век на траење

Комарници

Комарниците претставуваат додаток кој што стана неизбежен дел на надворешната столарија. Ги изработуваме во разни варијанти и тоа:

- Фиксни комарници

- Роло комарници

- Плисе комарници (хармоника)

- Шибер комарници

Внатрешен венецијанер

Венецијанерите се додаток кој се користи кога е потребно само засенчување на внатрешоста од објектите:

- Се изработуваат во разни бои, тесни и широки како и во нормална и перфорирана варијанта

Структурални Фасади

Комплетна набавка и монтажа на структурална фасада

Структурални Фасади

Структуралните фасади, како иновација на модерната архитектура овозможуваат креативни решенија при обликувањето. Со добивањето на засебна конструкција, структуралните фасади стануваат поефикасни делови на објектот овозможувајки високи перформанси од аспект на: вентилација, топлинска и звучна изолација, соларна контрола,слобода на обликувањето и целосен третман на обвивката на објектот.

Полу-структурални Фасади

Конструктор ви нуди проектирање, набавка и монтажа на Полу-структурална фасада

Стакло и Стаклопакети

Бидејки 41% од вкупните топлински загуби се случуваат преку прозорските отвори, а земајки во го во предвид фактот дека 85% од прозорскиот отвор претставува стаклото, неговите топлотно изолациони способности се од големо значење за енергетската ефикасност на објектите

Првиот тип на топлотно изолационо стакло беше двојното застаклување кое се состои од две плочи стакло, одвоени со помош на дистанцер со цел да се овозможи простор исполнет со сув воздух. Бидејки воздухот има понизок коефициент на топлинска пропустливост од 0,025 W/m2k, од стаклото 1 W/m2k, спојот на воздух ги зголемува изолационите карактеристики.

Соларна Контрола

Постојат повеќе видови на стакла со низок соларен фактор кои овозможуваат заштита од прегревање на просториите преку големите застаклени површини изложени на сонце. Познати како селектовни стакла тие ја рефлектираат сончевата топлина истовремено максимално пропуштајки ја сончевата светлина.

Звучна Изолација

Секое стакло поставено во рамка овозможува одреден степен на звучна изолација. За повисока звучна изолација потребно е да се превземат следните чекори:

- Зголемување на дебелината на единечното стакло. (4мм = -30 d.b.), (10mm- 34d.b.)

- Употреба на асиметрични стакла во стаклопакетите.(4/16/4= 29 d.b.), (6/15/4= 34d.b.)

- Употреба на ламинирано стакло составено од две плочи стакло со акустична PVB фолија помеѓу нив. (Stratophone 35d.b.-51d.b.)

Безбедносни Стакла

Постојат повеќе видови на безбедносни стакла кои овозможуваат заштитиа од повеќе аспекти:

- Заштита на индивидуите при ризик од повреда од страна на остри и скршени парчиња стакло (употреба на ламинирано стакло со најмалку една PVB фолија)

- Заштита на индивидуите од паѓање преку скршеното стакло ( ламинирано стакло со најмалку две PVB фолии)

- Заштита на добра и безбедност при грабеж и вандализам на приватните домови, продавници и канцелариски простории (ламинирано стакло со 2-6 PVB фолии)

- Заштита од огнено оружје и заштита од експлозии (мултиламинирано стакло кое може да содржи и поликарбонат при специјални случаи)

Антибактериско Стакло

Во горните слоеви на антибактериското стакло се онволвирани дифузни сребрени јони, кои стапуваат во интеракција со бактерите, уништувајки ги по пат на онеспособување на нивниот метаболизам. Нивната примена е од особено значење за лабораториите, операционите сали и сл.

Декоративни Стакла

Постојат повеќе видови на стакла со низок соларен фактор кои овозможуваат заштита од прегревање на просториите преку големите застаклени површини изложени на сонце. Познати како селектовни стакла тие ја рефлектираат сончевата топлина истовремено максимално пропуштајки ја сончевата светлина.