Следните чекори претставуваат замена на воздухот со благороден гас (Аргон,Криптон), вметнување на уште еден воздушен слој со трослојно застаклување, употреба на високоперформансни стакла со пиролитичен слој на метални оксиди...
Рефлектирачкиот ефект на сончевата топлина е постигнат на три начини:
-Преку обоени стакла
-Стакла со премази од пиролитички метални оксиди (Stopsol,Sunergy)
-Стакла со магнетни премази (Stopray)
- Зголемување на дебелината на единечното стакло. (4мм = -30 d.b.), (10mm- 34d.b.)
- Употреба на асиметрични стакла во стаклопакетите.(4/16/4= 29 d.b.), (6/15/4= 34d.b.)
- Употреба на ламинирано стакло составено од две плочи стакло со акустична PVB фолија помеѓу нив. (Stratophone 35d.b.-51d.b.)
- Заштита на индивидуите при ризик од повреда од страна на остри и скршени парчиња стакло (употреба на ламинирано стакло со најмалку една PVB фолија)
- Заштита на индивидуите од паѓање преку скршеното стакло ( ламинирано стакло со најмалку две PVB фолии)
- Заштита на добра и безбедност при грабеж и вандализам на приватните домови, продавници и канцелариски простории (ламинирано стакло со 2-6 PVB фолии)
- Заштита од огнено оружје и заштита од експлозии (мултиламинирано стакло кое може да содржи и поликарбонат при специјални случаи)
Во зависност од апликацијата и актуелните стандарди декоративните стакла можат да бидат ламинирани, отпорни на оган и сл.
Во сите препредходни случаи стаклото може да биде транспарентно,транслуецентно и мат.