Структуралните фасади, како иновација на модерната архитектура овозможуваат креативни решенија при обликувањето. Со добивањето на засебна конструкција, структуралните фасади стануваат поефикасни делови на објектот овозможувајки високи перформанси од аспект на: вентилација, топлинска и звучна изолација, соларна контрола,слобода на обликувањето и целосен третман на обвивката на објектот.